You are currently viewing Почетокот на руската воена акција во Украина ја „потресе“ берзата, нафтата надмина 100 долари првпат по 2014 година

Почетокот на руската воена акција во Украина ја „потресе“ берзата, нафтата надмина 100 долари првпат по 2014 година

Воената акција на Русија во Украина ја зголеми цената на нафтата, природниот гас, златото, но и вредноста на доларот во однос на другите светски валути.

Цената на нафтата се зголемила на речиси 102 долари за барел, првпат од септември 2014 година. На максимум е и цената на суровата американска нафта – 97,40 долари.

Берзите бележат и раст на цената на природниот гас за 4,7 отсто, како и за цената на злато.

Сите трговски активности на Московската берза привремено биле запрени затоа што рубљата и цената на акциите се намалиле на долната граница која берзата ја поставила.

По повторното отворање на берзата во 10 часот по московско време, вредноста на американската валута се зголемила за 86 рубљи за долар, додека пак руската валута во однос на еврото се намалила за повеќе од 11 отсто, па сега за едно евро може да добиете речиси 100 рубљи – 99,99.

Тоа е најниска вредност на рубљата во однос на доларот и еврото од 2014 година.

Цената на биткоинот рано утринава падна под 35.000 долари откако рускиот претседател Владимир Путин почна воена операција против Украина. Според CoinMarketCap, биткоинот вредел 34.969 долари рано наутро, што е за 8 проценти помалку од претходниот ден, пренесува „CNN“.