ДЕЈНОСТ | ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ВО 2021 ГОДИНА |
---|---|
Трговија на големо и на мало | 1.836 |
Преработувачка дејност | 732 |
Објекти за сместување и сервисни дејности | 707 |
Други услужни дејности | 503 |
Градежништво | 450 |
ФЕВРУАРИ КОБЕН МЕСЕЦ ЗА КОМПАНИИТЕ
Вообичаено, најмногу фирми, и во 2020-та и во 2021-ва, се затвориле во февруари, бидејќи тогаш Централниот регистар ги брише компаниите што не се активни, во согласност со членот 552 од Законот за трговски друштва. Станува збор за фирми што не доставиле годишна сметка и финансиски извештаи за последната деловна година до последниот работен ден од тековната година, не пријавиле упис на адреса на електронско сандаче, или не уплатиле основачки влог во пропишаниот рок. Но, Централниот регистар лани информира дека во првото полугодие од годината, кога се евидентирани затворања на дури 5.022 фирми, покрај вообичаеното годишно бришење на околу 3.000 фирми од нивна страна, зголемена е динамиката на фирми што отишле во стечај или ликвидација.
За жал, податоците и за второто полугодие покажуваат продолжување на трендот на зголемено затворање на фирмите. Така во периодот јули-декември 2020 година згаснале 1.504 форми, а во истиот период од 2021 година -1.971 фирма.
МЕСЕЦ | 2020 | 2021 |
---|---|---|
Јануари | 361 | 216 |
Февруари | 2966 | 3403 |
Март | 854 | 378 |
Април | 162 | 493 |
Мај | 156 | 271 |
Јуни | 208 | 261 |
Јули | 208 | 295 |
Август | 157 | 243 |
Септември | 248 | 281 |
Октомври | 260 | 264 |
Ноември | 267 | 370 |
Декември | 364 | 518 |
ВО КОИ ГРАДОВИ НАЈМНОГУ ФИРМИ СЕ ЗАТВОРИЛЕ?
Скопје, Битола, Тетово, Куманово и Гостивар се градовите во кои имало најмногу затворања на фирми, но во исто време – таму имало и добра динамика на отворање на фирми.
Очекувано, најголем дел од затворените фирми се во Скопје, повеќе од една третина. Прилеп пак, иако е четврти град по големина во државава, не е во правата петорка во која има затворање на фирми. Во Прилеп лани згаснале 254 компнаии.
ТОП 5 ГРАДОВИ СО ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ
ГРАД | ЗАТВОРЕНИ ФИРМИ ВО 2021 |
---|---|
Скопје | 2.430 |
Битола | 397 |
Тетово | 347 |
Куманово | 316 |
Гостивар | 314 |
ДООЕЛ НАЈПРИВЛЕЧНА ФОРМА ЗА ФОРМИРАЊЕ И НАЈЧЕСТА ВО ГАСНЕЊЕ
Доколку друштвото има еден содружник, фирмата ги содржи зборовите: друштво со ограничена одговорност од едно лице или ознаката ДООЕЛ. Тоа е наједноставната форма на организирање. Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.
Како што е и најобемно отворањето на ДООЕЛ, така и затворањето е најактуелно кај овој вид на фирми.
ВИД СУБЈЕКТ | 2020 | 2021 |
---|---|---|
Непознато | 46 | 31 |
АД | 24 | 21 |
ДОО | 608 | 708 |
ДООЕЛ | 3949 | 4385 |
ДРУГО | 824 | 1083 |
ЈТД | 26 | 26 |
ПОДРУЖНИЦА | 5 | 6 |
ТП | 729 | 733 |
Инаку, според податоците од Државниот завод за статистика, со состојба на 31.12.2021 година евидентирани се 16073 невработени лица по основ на прилив од работен однос за кои престанокот односно одјавата од задолжително социјално осигурување е регистрирана во периодот после 11.03.2020 година, односно во периодот на кризата предизвикана од COVID-19 вирусот.
извор: pari.com.mk