You are currently viewing Во падот на биткоинот „настрадаа“ 30.000 милионери

Во падот на биткоинот „настрадаа“ 30.000 милионери

Неодамнешната корекција на цената на биткоинот имаше неколку жртви, а инвеститорите значително загубија.

Иако биткоинот веќе остварува мали добивки, бројот на оние кои имале милиони драстично се намали во последните месеци.

Според податоците собрани од „Finbold“, меѓу октомври 2021 година и јануари 2022 година, бројот на биткоин адреси со повеќе од милион долари е намален за 28.186 или 24,26 отсто. Во октомври бројот на адреси изнесувал 116.139, а во јануари 2022 година паднал на 87.953, пренесува порталот „Capital“.

Генерално, листата на оние кои се збогатиле со биткоин е пократка ако се погледнат последните 3 месеци.

Онлајн паричниците на кои стои состојбата на криптовалутите (wallets) на кои имало повеќе од 100.000 долари, паднале за 30,04 отсто од 505.711 на 353.763.

Бројот на адреси со милион долари и повеќе паднал за 23,5 отсто од 105.820 на 80.945. Парчниците со над 10 милиони долари забележале пад од 32,08 отсто од 10.319 на 7.008.

Во моментов е речиси невозможно да се одреди кои се сопствениците кои претрпеле загуби токму поради анонимноста која го карактеризира биткоинот.

Падот на листата на богати со биткоин е поврзана со непредвидливоста што го карактеризира биткоинот како средство, а која се интензивираше во последните недели.

Според истражувањето, комбинацијата на фактори како што се регулаторните испитувања, турбулентните пазари, геополитичките немири и коронавирусот имаат негативно влијание врз вредноста на биткоинот.

Но, и покрај неодамнешната корекција на цената на биткоинот, пазарот и понатаму е оптимистичен бидејќи средствата најверојатно ќе достигнат нови нивоа.