You are currently viewing „Apple“ е првата светска компанија која достигна вредност од 3 трилиони долари

„Apple“ е првата светска компанија која достигна вредност од 3 трилиони долари

„Apple“ стана првата компанија која достигна вредност од 3 трилиони долари на берзата, за да го заврши денот незначително под таа граница.

Инвеститорите очекуваат дека производителот на мобилниот телефон „iPhone“ ќе продолжи да претставува привлечни производи додека се шири на пазарите на автоматизирани автомобили и виртуелна реалност.

Во текот на првиот ден од тргувањето во 2022 година, индивидуалната акција на компанијата од Силициумската долина достигна вредност од 182,88 долари, со што вредноста на целата компанија се искачи на над 3 трилиони долари.

Подоцна цената на акцијата опадна за 2,5 отсто, на 182,01 долар, па пазарниот капитал на „Apple“ го заврши берзанскиот ден на 2,99 трилиони долари.

Највредната светска компанија очекува дека потрошувачите во оваа година ќе продолжат да купуваат „iPhone“, „Macbook“ и услуги како „Apple TV“ и „Apple Music“.

„Apple“ ја достигна границата од 2 трилиони долари заедно со корпорацијата „Microsoft“, која сега има вредност од околу 2,5 трилиони долари.

„Alphabet“, „Amazon“ и „Tesla“ ја минаа границата од еден трилион долари, а саудиската „Oil Corporation“ вреди околу 1,9 трилиони долари, се наведува во податоците на компанијата „Refinitiv“.