You are currently viewing Маск изнесе интересни факти – дали зад мистериозниот креатор на биткоинот се крие овој човек?

Маск изнесе интересни факти – дали зад мистериозниот креатор на биткоинот се крие овој човек?

„Очигледно дека тој е поодговорен за идеите за биткоинот од било кој друг“, изјавил Маск.

Очигледно дека Илон Маск се согласува со многумина дека таинствениот експерт за криптовалути Ник Сабо би можел всушност да биде Сатоши Накамото, мистериозниот креатор на биткоинот, највредната криптовалута на светот.

„Можете да ја погледнете еволуцијата на идејата пред лансирањето на биткоинот и да видите кој пишуваше за тие идеи“, изјавил Маск во поткастот кога бил прашан што мисли за вистинскиот идентитет на Накамото.

Милијардерот исто така изјавил дека иако „очигледно“ не знае кој точно го создал биткоинот, сепак теориите на Сабо делуваат како да биле клучни за создавање на водечката светска криптовалута.

„Изгледа како тоа да е Ник Сабо повеќе од кого и да е, односно дека тој е одговорен за тие идеи. Тој тврди дека не е Накамото, но не сум баш сигурен во тоа“, изјавил Маск.

Инаку, биткоинот првпат го предложил Сатоши Накамото во октомври 2008 година, псевдонимот зад кој луѓето веруваат дека стојат можеби и неколку лица.

Тим на лингвистички истражувачи уште во 2014 година ја проучуваше белата книга на Накамото за биткоини заедно со пишувањето на Сабо и 10 други потенцијални креатори.

Утврдиле дека резултатите се неоспорни

„Лингвистичките сличности меѓу пишувањето на Сабо и белата книга за биткоините се неверојатни“, тврделе истражувачите додавајќи дека ниту еден друг можен креатор немал толку сличности.

Извештајот од „NYT“ од 2015 година исто така го припишува создавањето на биткоинот на Сабо. Овој експерт за криптовалутите јавно зборуваше за историјата на биткоинот и блокчејн техологијата, но повеќе пати ги демантираше тврдењата за биткоинот и фактите дека токму тој ја создал криптовалутата „bit gold“ уште во 1998 година.

Како што вели Маск, ова сепак е само име кое стои зад идејата:

„Тоа е само име кое стои зад идејата. Зошто воопшто е важно? Ружата под било кое друго име би мирисала исто“, заклучил Маск.