You are currently viewing Илон Маск им ја кажа вистината во очи: „Ова е најголемата закана за модерната цивилизација“

Илон Маск им ја кажа вистината во очи: „Ова е најголемата закана за модерната цивилизација“

Извршниот директор на „SpaceX“, Илон Маск, ја критикуваше „будноста“ и го исмеваше CNN во интервјуто кое го даде за конзервативната веб-страница „The Babylon Bee“, нарекувајќи ја политичката коректност за една од најголемите закани на цивилизацијата.

Во „експлозивното“ интервју, кое било емитувано во вторникот вечерта, Маск протестирал поради обидите за откажувањата на комичарот Дејв Шапел и изјавил дека „вирусот на ‘будење на умот’ веројатно е една од најголемите закани по модерната цивилизација“.

„Би требало да биде во ред да се биде духовит. „Будноста“ во суштина сака комедијата да ја направи илегална, што не е во ред“, изјавил милијардерот, прашувајќи се:

„Дали сакаме општество без хумор кое е едноставно преполно со осуди и омраза?“.

„Во суштина, „будноста предизвикува поделби, исклучува и мрази. Во основа им дава штит на злобните луѓе да бидат злобни и груби, опкружени со лажна доблест“, додал Маск“.

Во текот на интервјуто Маск исто така посочувал и на CNN дека е една од продуцентските мрежи на Џон Грифин, обвинет за низа шокантни сексуални злодела овој месец.

Откако еден од водителите сугерирал дека Маск „би можел да биде на CNN токму сега“, што е „вистинска новинска агенција“ за разлика од The Babylon Bee, Маск одговорил дека претпоставува дека не е така поради тоа што не е доволно перверзен.

Инаку, Грифин бил уапсен само неколку денови откако CNN го отпуштил водителот Крис Куомо поради обвиненија за сексуална злоупотреба и истрага за неговите обиди да го одбрани братот од слични обвинувања за вознемирување.

Правниот аналитичар на CNN, Џефри Тубин, исто така бил ставен на отсуство минатата година откако бил фатен како мастурбира во текот на онлајн состанокот.