Турската централна банка интервенираше, по што лирата закрепна.
Лирата драстично падна во ноември, по одлуката на централната банка за дополнително ублажување на монетарната политика и покрај зголемената инфлација.
Лирата, која претходно се намали за цели 3,3 отсто, на 13,87 лири во однос на доларот, закрепна на 12,76 лири за долар. Лирата вчера изгуби од вредноста и се тргуваа 14 лири за долар. Оваа година, но и претходните, варираше вредноста на лирата.
Турската економија во третиот квартал порасна за 7,4 отсто во однос на истиот период минатата година, поддржана од силната побарувачка на потрошувачите, производството и извозот, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.