Акциите на компанијата Тесла кои се котираат на берзата во Франкфурт утрово паднале за 8,0 отсто во раното тргување.
До тоа дошло по анкетата на главниот извршен директор на компанијата, Илон Маск, на Твитер за тоа дали да продаде 10 отсто од сопственичкиот удел во тоа претпријатие.
Маск, кој е моментално најбогатиот човек на светот, во саботата на Твитер напиша дека ќе продаде 10 отсто од неговите акции во Тесла ако корисниците на оваа социјална мрежа го поддржат ваквиот предлог.
Повеќе од 3,5 милиони следбеници на Маск на Твитер се вклучиле во анкетата, а 57,9 отсто од нив гласале „да“, пренесува „Ројтерс“.
Much is made lately of unrealized gains being a means of tax avoidance, so I propose selling 10% of my Tesla stock.
Do you support this?
— Lorde Edge (@elonmusk) November 6, 2021
Акциите на Тесла во Франкфурт паднале за 7,9 отсто на 980 евра на тргувањето во 7:31 часот по средноевропско време. На њујоршката берза, акциите на оваа компанија забележале раст од 73,2 отсто во однос на индексот на Насдак Композит кој ја зголемил вредноста за 23,9 отсто во досегашниот тек на годината.
Американската телевизиска станица „Си-Ен-Би-Си“ известува дека милијардерот се соочува со данок од над 15 милијарди долари во наредните неколку месеци, што е веројатно вистинската причина поради која ги продава акциите.

„Без оглед на резултатите на анкетата, Маск најверојатно ќе започне да продава милиони од своите акции во овој квартал. Причината е претстојната даночна сметка од повеќе од 15 милијарди долари“, наведува медиумот.