Bitcoin скокна над 100% во текот на 2021 година, додека само во октомври порасна за над 30%.
Биткоинот во четвртокот на 21 октомври достигна цена од околу 66.000 долари, што беше нов историски максимум.https://www.facebook.com/v3.2/plugins/quote.php?app_id=&channel=https%3A%2F%2Fstaticxx.facebook.com%2Fx%2Fconnect%2Fxd_arbiter%2F%3Fversion%3D46%23cb%3Df16f0cc6a55b%26domain%3Dporta.mk%26is_canvas%3Dfalse%26origin%3Dhttps%253A%252F%252Fporta.mk%252Ff2694bcdb819a6c%26relation%3Dparent.parent&container_width=740&href=https%3A%2F%2Fporta.mk%2F%3Fp%3D49362&layout=quote&locale=mk_MK&sdk=joey
Оваа година беше исполнета со позитивни вести за најстарата криптовалута. Институционалните инвеститори и компании се повеќе го поддржуваат bitcoin. На пример, Тесла поттикна скок во првата половина од оваа година кога објави дека купила bitcoin во вредност од 1,5 милијарди долари.
Mastercard ги објави плановите за поддршка на криптовалути на својата платформа оваа година. Технолошкиот гигант Apple објави во февруари дека Apple Pay ќе поддржува и плаќања со bitcoin на својата платформа. Неодамна е основан првиот (ЕТФ) инвестициски фонд во САД, кој инвестира во bitcoin, што претставува своевиден пресврт за легитимирање на биткоинот и влез во светот на финансиите.
Друга причина за поскапувањето на bitcoin се малите инвеститори кои имаат своевидна (психолошка) вознемиреност за новата пропуштена шанса (аверзија на жалење) на дигиталниот пазар, па се одлучуваат да влезат на крипто-пазарот. Покрај тоа, достапноста на bitcoin се намалува, бидејќи трошоците за мајнинг по единица стануваат повисоки, што исто така го поттикнува растот на цените.