You are currently viewing Биткоинот ќе остане засекогаш?

Биткоинот ќе остане засекогаш?

Повеќето криптовалути нема да преживеат, но биткоинот би можел да остане засекогаш.

Ова го тврди Мајк Новограц, основач и извршен директор на крипто фондот Галакси Дигитал. Деновиве бикоинот имаше раст на вредноста. Тој се тргуваше за нешто помалку од 43.000 долари пред два дена. Биткоинот скокна за околу 45 проценти оваа година, и скоро 300 проценти во последните 12 месеци, според CoinDesk. Веќе има земји во светот кои почнаа да користат биткоин како официјална валута.