You are currently viewing Ворен Бафет советува како да се збогатите

Ворен Бафет советува како да се збогатите

Уште во 1999 година, Ворен Бафет беше прашан од луѓето како да се збогатат и да станат богати колку што е тој, а тогашните негови совети сеуште можат да се применат, пишува „CNBC“.

Имено, ако сакате еден ден да бидете богати како Ворен Бафет, не двоумете се, започнете што е можно поскоро да инвестирате.

Тоа е советот што овој инвестициски титан го даде во 1999 година на годишното собрание на акционери кога го прашаа како заработил 30 милијарди долари, колку што вредело неговото богатство во тоа време.

Потоа, тогашниот 68-годишен Бафет, чие богатство оттогаш порасна на над 100 милијарди, рече дека сложената камата (каматата на камата) е најдобриот пријател на инвеститорот и го спореди стекнувањето на богатство преку камата со тркалањето снежна топка по падина.

„Започнете рано“, советуваше Бафет. „Почнав со мала грутка на врвот на многу долг спуст. Ќе имате прилично “долг спуст” ако започнете многу млади или ако живеете до длабока старост“, рече во тоа време инвестицискиот магнат.

Пророкот Омаха рече дека ако дипломира на факултет во 1999 година и има 10.000 долари за инвестирање, стратешки ќе открие каде ќе ги инвестира парите.

„Веројатно би се фокусирал на помалите компании затоа што би работел со помали суми и во таа арена има поголеми шанси другите да занемарат нешто“, објасни тогаш Бафет, велејќи дека ќе почне да ги разгледува компаниите по азбучен ред, пишува „CNBC“.