You are currently viewing БАНКА ПРЕДВИДУВА: БИТКОИН ЌЕ ДОСТИГНЕ ФАНТАСТИЧНА ВРЕДНОСТ ДО КРАЈОТ НА 2021

БАНКА ПРЕДВИДУВА: БИТКОИН ЌЕ ДОСТИГНЕ ФАНТАСТИЧНА ВРЕДНОСТ ДО КРАЈОТ НА 2021

Европската инвестициска банка (ЕИБ) го објави нејзиното редовно издание од своето истражување поврзано со трендовите за земање на кредити на финансиските пазари на Централна, Источна и Југоисточна Европа .

Годишното истражување покажа дека условите за кредитирање на малите и средни компании станаа по строги, во однос на кредитите кои се наменети за домаќинствата и истите станале подостапни. Побарувачката за финансиски средства и кредити расте за сите категории на клиенти.

Истражувањето понуди увид во активностите на банкарските групи, нивните филијали и локалните претставништва, како и приказ за движењето на кредитните активности на овој пазар. Исто така, се анализира побарувачката за финансиски средства и нивната достапност за малите и средни претпријатија, корпорации и домаќинства, особено кога се во прашање условите за финансирање. Дава проценка на потенцијалот за маркетинг и позиционирање на финансиските институции, како и анализа на движењето на нефункционалните кредити на локалните пазари.

„Финансискиот систем во Централна, Источна и Југоисточна Европа покажува исклучителна отпорност од најголемиот економски удар што го доживува. Со цел да се зајакнат инвестициските активности, потребни се континуирани заеднички напори на јавниот и приватниот сектор со цел регионот да се опорави и да продолжи да се движи кон зелената и дигитална транзиција “, рече главната економистка на ЕИБ, Дебора Револтела