You are currently viewing Кои се професиите во најниски приходи во земјава?

Кои се професиите во најниски приходи во земјава?

Податоците на Државниот завод за статистика покажуваат дека за мај просечната исплатена нето плата во земјава била 28.721 денари. Сепак, постојат и такви професии во земјава што земаат просечна плата далеку под државниот просек.

Во продолжение ви ги прикажуваме петте дејностите со најниски месечни приходи:

1. На листата на најмалку платени професии се вработените во секторот заштитни и истражни дејности – нивната просечна плата во септември била 16.207 денари нето износ или само 264 евра. Вработените во овој сектор добиваат пониски приходи од државниот просек за 12.514 денари.

2. Втори на листата се вработените во секторот за производство на кожа и слични производи од кожа, кои во мај просечно земале 17.266 денари или 280 евра.

3. Следуваат вработените во секторот за производство на облека, каде просечната плата е 17.635 денари или 287 евра.

4. На четврто место се вработените во услужниот сектор поврзани со одржување на згради и дејности за одржување на животна средина и природа, со просечна плата од 18.349 денари.

5. На петтото место се вработените во секторот дејности за подготовка на оброци и служење храна, со плата од 18.828 денари.