Доколку сте амбициозни, мотивирани и имате желба да стекнете знаење и искуство од докажани професионалци во банкарскиот сектор, пријавете се за платена пракса во Шпаркасе Банка!
Шпаркасе Банка Македонија АД Скопје е дел од Групацијата на Erste & Steiermärkische Sparkasse, со повеќе од 120.000 клиенти во земјата и преку 35 експозитури. Одговорното банкарско работење и стабилноста се приоритет на Банката. Иновативноста и агилноста се движечка сила на Банката, а довербата и тимскот дух се вредности кои ги обединуваат сите вработени.
Кандидатите треба да ги исполнуваат следните услови:
- да се на додипломски/постдипломски студии или со штотуку завршен факултет (пожелно е да биде економски смер);
- да имаат организациски способности, комуникациски вештини, да се одговорни, иницијативни, аналитични и доверливи личности;
- да имаат познавање на Англиски јазик и работа со компјутери.
Што се Вашите придобивки?
- Пристап до “know-how” на банкарската групација Erste & Steiermärkische Sparkasse;
- Менторство и пренос на знаења и искуства од искусни професионалци во банкарскиот сектор;
- Корпоративни настани, тимски дух, динамична работна атмосфера.
Работно време
- 40 часа во текот на работната недела, со почеток од 08:00 – 09:00 часот до 16:00 – 17:00 часот.
Вашето CV и мотивационо писмо доставете ги на: hr@sparkasse.mk заклучно со 16.08.2021 година со задолжителна назнака „Апликација за платена пракса“.
За дополнителни информации, посетете ја страницата www.sparkasse.mk.