You are currently viewing ИутеКредит Македонија оствари добивка од 37 милиони денари во првите шест месеци од 2021 година

ИутеКредит Македонија оствари добивка од 37 милиони денари во првите шест месеци од 2021 година

ИутеКредит Македонија забележа позитивни финансиски резултати во периодот јануари – јуни 2021 година остварувајќи добивка од 37 милиони денари.

Компанијата бележи и значително подобрување на профитабилноста со што показателот за поврат на активата е позитивен и изнесува 4% што е за 30% повисок раст во однос на првото полугодие во 2020 година.

Заклучно со 30.06.2021 година, ИутеКредит Македонија достигна ниво на кредитно портфолио од 1,124 милиони денари што е за 83% пораст во однос на истиот период минатата година, а вкупната актива забележа раст од 150% кој се должи на значително подобрување на квалитетот на кредитното портфолио.

ИутеКредит Македонија бележи и позитивен тренд на ефикасноста по вработен која континуирано се подобрува и во однос на минатата година забележа раст од 80%.

Вкупните оперативни трошоци на компанијата учествуваат со 49% во вкупните приходи што претставува годишен пад за 15%.

Компанијата ја одбележа првата половина од 2021 година со лансирање на две иновативни решенија за своите корисници.

Првото е мобилната апликација MyIute која на корисниците им овозможува брзо и лесно аплицирање за кредит каде и да се, со дополнителни бенефити и попусти на провизии за секој потпишан договор преку мобилната апликација.

Вториот новитет се безкартичните банкомати кои наскоро ќе бидат присутни во сите експозитури на ИутеКредит Македонија.