You are currently viewing КОЛКУ ПАРИ ПРАВАТ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ НА БЕРЗА: Ново рангирање

КОЛКУ ПАРИ ПРАВАТ НАЈДОБРИТЕ КОМПАНИИ НА БЕРЗА: Ново рангирање

Компаниите кои котираат на берза оствариле во 2021 година вкупна добивка од над 273 милиони евра. На листата се 94 компании од кои три сега се суспендирани од котација. Остварениот резултат е за над 22 отсто подобар од предминатата 2020 година, иако ако се анализира по компании, некои оствариле значајно подобар финансиски перформанс за разлика од повеќето кои имаат само солиден раст. Од 91 компанија добивка прокнижиле 73 фирми, додека во загуба се 18 котирани компании. Во 2020 година тој сооднос е поблизок, ама на штета на тие кои оствариле добивки – или во 2020 година со добивка годината ја завршиле 65 друштва, а 26 прикажале загуба.

Статистиката која ја објавува Македонска берза а која е црпена од ревидираните извештаи кои компаниите ги доставуваат до нив, покажува дека нето добивката на овие деведестина компании е точно 273.365.046 евра.  Вкупната загуба на друштвата кои биле во минус пак изнесува над 22 милиони евра, додека во 2020 година била 17,3 милиони евра.

Но кој е кој на пазарот? Неколку компании имаат четирицифрен раст на позитивниот финансиски резултат, додека Фершпед АД има раст на добивакат од дури повеќе од 12 илјади проценти. Кратовската компанија Силекс успеала да оствари добивка од 159 милиони денари што е за над 3900 отсто повеќе од предминатат година, додека добивката на Технокомерц е 102 милиони денари и е за зголемена за 2205 отсто.

Од другите компании исклучително добри показатели имаат Макстил чија добивка во 2021 година порасна за 931 отсто и достигна 850 милиони денари, додека Макпетрол реди уште една успешна година со остварена добивка која е за над 300 отсто повисока од предминатат година и надминува 1,4 милијарди денари. градежната компанија Гранит исто така има солиден раст од 138 отсто, а како што  епознато 2021 година беше одлична година и за домашните банки.

Еве ги сите резултати

faktormk